ноември 23, 2024

Израелскиот парламент гласаше за владата на Бенјамин Нетанјаху, при што 63 од 120 пратеници гласаа за најекстремно десничарската влада во земјата досега.

Амир Охана од десничарската конзервативна партија Ликуд на Нетанјаху беше избран за нов претседател на Парламентот, пред да започне положувањето заклетва на членовите на коалицијата.

Нетанјаху во говорот ги истакна најважните цели на неговата влада за следните четири години, велејќи дека ќе се направи се „за да не нè уништи Иран со нуклеарна бомба“.

По пауза од една и пол година, 73-годишниот лидер се враќа на чело на неговата шеста влада и рече дека ќе работи и на зближување со повеќе арапски држави.

Членот на конзервативната партија Ликуд на Нетанјаху, Јоав Галант (64) е новиот министер за одбрана, кој ја започна својата воена служба како нуркач во морнарицата.

Министер за финансии ќе биде Бецалел Смотрич (42), кој вети дека ќе се залага за слободни пазари. Претходно беше министер за транспорт.

Со Министерството за внатрешни работи ќе раководи педесетгодишниот Ели Коен, кој е член на Ликуд.

Министер за национална безбедност е Итамар Бен-Гвир (46), кој вети дека ќе го фокусира своето внимание на редот и законот за сите граѓани.

Ари Дери (63) е новиот министер за внатрешни работи и за здравство, ултраортодоксен рабин, лидер-ветеран на Шас, поддржан од религиозни Евреи со потекло од Блискиот Исток.

Министер за станбена политика е Јицак Голдкноп (72), кој има поддршка од религиозните Евреи со европско потекло.

За министер за стратешки работи е избран Рон Дермер (51), поранешен амбасадор во Вашингтон, кој беше клучна фигура во зајакнувањето на односите на Израел со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин во дипломатската иницијатива во 2020 година. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK