ноември 23, 2024

– Српската полиција уапси двајца мажи кај Суботица, генерал на авганистанската армија и снајперист по кои Франција има распишано меѓународни потерници за најтешки злосторства и тероризам, јави дописникот на МИА од Белград.

Работната група за борба против криумчарење луѓе и нерегуларна миграција откри 109 илегални мигранти во месноста Радановачка шума кај Суботица, од кои 25 се лица од безбедносен интерес, против кои ќе бидат преземени мерки согласно законот, соопшти денеска МВР.

Како што е наведено, меѓу пронајдените мигранти биле откриени две лица кои светската полиција ги бара за повеќе различни кривични дела.

При акцијата полицијата извршила претрес на теренот и пронашла автоматска пушка со две придружни рамки и муниција, како и помала количина марихуана.

Ирегуларните мигранти, кои не се од безбедносен интерес, ќе бидат префрлени во прифатните центри. Се додава дека членовите на Работната група извршиле акција на зголемена контрола и на територијата на Хоргош, каде затекнале 93 мигранти кои ќе бидат префрлени во прифатните центри.

Акциите беа спроведени како дел од континуираната работа за сузбивање на нерегуларната миграција, со вклучување на членови на Работната група формирана по наредба на министерот за внатрешни работи, во соработка со Новосадскиот жандармерски одред и Управата на граничната полиција.

Претходно денеска од МВР соопштија дека полицијата во областа Суботица уапсила двајца мажи – генерал на авганистанската армија и снајперист по кои Франција распишала меѓународни потерници за најтешки злосторства и тероризам. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK