септември 20, 2024

 Најмалку десет луѓе загинаа во пожар во хотелски комплекс со казино во камбоџанскиот град Појпет, што се наоѓа на границата со Тајланд.

Пожарот избувнал во 23:30 часот по локално време (16:30 часот по Гринич), при што имало „околу десетмина загинати и триесет повредени“, се вели во прелиминарниот полициски извештај.

На снимката споделена на социјалните мрежи се гледа дека се работи за силен пламен.

Некои од повредените се хоспитализирани во тајландската провинција Са Каео. Во хотелот имало и странски државјани.

„Властите се обидуваат да го локализирааат пожарот, за што се ангажирани и противпожарни возила од Тајланд“, соопштија од МНР на Тајланд.

Камбоџанскиот пограничен град Појпет е популарна дестинација што привлекува голем број гости од Тајланд каде казината се забранети. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK