ноември 23, 2024

Анализата направена за дијагноза на јавното здравство во изминатата година, во инвестирањето, организацијата, почитување на протоколи и се останато во делот на здравствени услуги, даде еден резултат кој што не е добар за нас како држава, истакна министерот за здравство Беким Сали.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

„Не е добар показател само дека се движиме во позитивна насока, туку навистина треба да засукаме ракави и да размислиме како сакаме да продолжиме“, изјави Сали во интервју за ТВ „Телма“.

Според него, во јавното здравство се трошат средства за институции кои не испорачуваат доволно квалитетни услуги како една приватна здравствена установа.

„Проектната единица во Министерството за здравство работеше во делот на рационализација и консолидација на капацитети и наша констатација е дека буџети се трошат за институции кои што не испорачуваат доволно квалитетни и во доволен број услуги колку што испорачува една приватна здравствена установа“, истакна министерот.

Според него, ако една приватна установа може да функционира со цени кои што се формирани и за јавното и за приватното здравство и на крај на годината да прикаже позитивен финансиски исход, како е можно јавното здравство да не покаже позитивен исход. Затоа, нагласи Сали, бил избран пристапот за рационализација на здравствените установи.

„На Владата ѝ понудивме решение за хроничната болка на јавното здравство и јас лично го сметам како идеално решение, што треба да го покажат и други институции кои ќе бидат вклучени во визибилноста, оправданоста на целата таа концепт идеја за реформирање, за менување на локации и од градски болници да ги претвориме во регионални болници. Два града да добијат една ефикасна болница, со сите здравствени услуги, а не како постоечките болници кои што функционираат со 30-35 отсто од капацитетот, а трошоците се 100 проценти за сите вработени во таа здравствена установа, во некомплетни оддели“, рече Сали.

Тој потенцира дека интересот за приватниот здравствен сектор и за фондови што вршат осигурувања за приватното здравство се зголемува, додавајќи дека иако тоа е еден тренд што се случува во сите држави во светот.

Сепак, според Сали, не сите граѓани на државата можат да си дозволат приватно осигурување и затоа се базираат на јавниот сектор каде се присутни поголеми проблеми, но тој сепак има и успешни приказни.

„Во системот кој што функционира во последните 30 години, таков каков што е, можам да издвојам десетици, ако не стотици успешни приказни во јавното здравство кои што денес ни влеваат самодоверба“, додава Сали.

МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK