ноември 23, 2024

 Шефот на францускиот комитет за проценка на здравствените ризици, Брижит Отрин, изјави денеска дека нема потреба Франција да воведува гранични контроли поради зголемувањето на случаите на инфекција со вирусот „Ковид-19“ во Кина.

– Од научна гледна точка, нема причина повторно да се вратат граничните контроли, но тоа може да се промени секој ден, рече Отрен.

Коментирајќи ја епидемиолошката состојба во Кина, Отрен посочи дека нема индиции за постоење на нови варијанти на вирусот во таа земја и дека нема причина за загриженост.

– Варијантите што циркулираат во Кина се сите варијанти на сојот омикрон, кои веќе поминаа низ Франција и ние развивме имунитет кон него, рече Отрен.

Здравствените претставници од 27 европски земји ќе разговараат за тоа како Европа ќе се подготви за зголемување на бројот на случаи заразени со вирусот Ковид-19 во Кина. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK