Водечкиот производител на чипови Taiwan Semiconductor Manufacturing Company (TSMC) денеска започна масовно производство на нова генерација чипови во родниот Тајван.
-„TSMC ја потврдува својата водечка позиција во технологијата додека прави значителни инвестиции во Тајван“, рече претседателот на TSMC, Марк Лиу, на церемонијата по повод одбележувањето на производството и проширувањето на капацитетот во јужниот тајвански град Таинан.
-,,Побарувачката за тринанометарски чипови е многу силна благодарение на новите технологии, вклучително и 5G и компјутерските производи со високи перформанси” – рече Лиу.
Чиповите базирани на новата тринанометарска технологија (N3) бараат помалку простор и енергија, а се побрзи и поефикасни.
На почетокот на декември, TSMC објави дека повеќе од тројно ќе ја зголеми својата планирана инвестиција во нова фабрика во САД на 40 милијарди долари. Неговата инвестиција е меѓу најголемите странски инвестиции во историјата на САД.
Тајванската компанија гради и фабрика за чипови во Јапонија и најави дека ја разгледува можноста да го прошири својот бизнис во Германија.
Со цел да ги отфрли стравувањата дека инвестициите на TSMC во странство ќе ја поткопаат клучната позиција на Тајван во полупроводничкиот сектор, Лиу рече дека масовното производство на нови чипови покажува дека тие преземаат конкретни чекори за развој на нови технологии и проширување на капацитетите во Тајван.
„Масовното производство е успешно и носи добар профит“, рече Лиу, додавајќи дека новата технологија од три нанометри ќе создаде производи со пазарна вредност од 1,5 трилиони долари во следните пет години.
TSMC најави и дека го подготвува теренот за изградба на фабрики за уште пософистицирани чипови од два нанометри, кои исто така треба да се произведуваат во Тајван.
Следете не, не има насекаде