Во потполно бизарната листа на настани се наоѓа и „окупацијата на западните региони на поранешна Украина од страна на Полска и Унгарија“.
Поранешниот руски претседател и втор човек во Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на социјалните мрежи објави список на настани што би можеле да се случат во текот на 2023 година.
На сосема бизарната листа на настани што тој очекува да се случат се „распадот на Европската унија“, „окупацијата на западните региони на поранешна Украина од страна на Полска и Унгарија“, создавањето на Четвртиот Рајх, војната со Франција како и американската граѓанска војна.
Неговата серија твитови ја коментираше Илон Маск, кој во еден од нив го спомна и Медведев.
„Епска низа. Ова се дефинитивно најапсурдните предвидувања што некогаш сум ги слушнал, а во исто време покажуваат неверојатен недостаток на свест за напредокот во вештачката интелигенција и одржливата енергија“, објави Маск.
Предвидувањата на Медведев ги пренесуваме во целост:
„На новогодишната ноќ сите се занимаваат со предвидувања. Многумина излегуваат со футуристички хипотези, како да се натпреваруваат да го одберат најлудото, па дури и најапсурдното. Еве го нашиот скромен придонес. Што може да се случи во 2023 година:
Зголемување на цената на нафтата на 150 долари за барел и на гасот на 5.000 долари за 1.000 кубни метри.
Враќање на Обединетото Кралство во ЕУ.
Распад на ЕУ по враќањето на Обединетото Кралство и укинувањето на еврото како валута на поранешната Европска унија.
Окупација на западните региони на поранешна Украина од страна на Полска и Унгарија.
Создавање на Четвртиот Рајх врз основа на Германија и сателитите кои му се придружија (Полска, балтичките земји, Чешка, Словачка, Романија, Република Киев и други отпадници).
Војна меѓу Франција и Четвртиот Рајх. Поделбата на Европа, вклучително и новата поделба на Полска.
Одвојување на Северна Ирска од Кралството Велика Британија и Северна Ирска и приклучување кон Република Ирска.
Американска граѓанска војна, одвојување на Калифорнија и Тексас во независни држави. Создавање на сојузната држава Тексас и Мексико. Последователната победа на Илон Маск за време на претседателските избори во САД во некои од државите кои беа доделени на републиканците по Граѓанската војна.
Трансфер на сите поголеми берзи и финансиски активности од САД и Европа во Азија.
Колапс на финансискиот систем на Бретон Вудс, ММФ и Светска банка. Отфрлање на еврото и доларот како светски резервни валути. Враќање на златниот стандард. Транзиција кон активно користење на дигитални валути.
Следете не, не има насекаде