ноември 23, 2024
На 29.12.2022 во 17.00 часот во с.Бузалково, велешко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар” го лишиле од слобода М.А.(30) од с.Бузалково. Тој бил осуден на казна затвор од две години и осум месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти” по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување една година и два месеци од казната. Лицето било спроведено во установата доиздржување на казната.

The post Приведен криминалец баран со потерница за доиздржување казна затвор appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK