ноември 23, 2024

Најголемиот бразилски играч на сите времиња, а за многумина и најдобриот фудбалер во историјата, по долга битка со тешката болест почина.

Познатиот Бразилец Пеле почина на 83-годишна возраст. Тој беше крал на фудбалот и така го нарекуваа до последниот ден. Тој му донесе на Бразил три светски шампионски титули и беше еден од најголемите што некогаш го играле најпопуларниот спорт.

Почина во родната земја, како последица од рак на дебелото црево, со кој се бореше од 2021 година. Последниот месец беше во болница и од ден на ден доаѓаа лоши вести за неговата состојба. Неговиот агент Жо Фрага потврди дека Пеле починал. Пеле на Бразил му ги донесе светските шампионски титули во 1958, 1962 и 1970 година. Засекогаш ќе се расправа за тоа дали тој бил најдобриот фудбалер досега, но ретко кој ќе може да се нарече толку голем шампион.

Заминувањето на култната бразилска „десетка“ ќе ја обедини неговата нација во тага. Британската кралица Елизабета Втора го прогласи за витез во 1997 година, а тој го популаризираше својот спорт таму каде што дотогаш не беше популарен – во САД. 

“Јас сум Роналд Реган и јас сум претседател на САД а вие не мора да се претставувате, бидејќи целиот свет знае кој е Пеле”, слушнал од американскиот претседател на приемот кој покажал колку одличен беше.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK