септември 20, 2024

Двајца наставници од основното училиште „Блаже Конески“ од Велес во текот на денешниот ден добиле решенија за директори, едниот од градоначалникот Марко Колев, другиот од министерот за образование Јетон Шаќири.

Градоначалникот на Велес, Марко Колев изготвил решение за назначување на в.д. директор откако од просветниот и општинскиот инспектор биле утврдени неправилности во постапката за именување на директор на истото училиште.
Но исто така и министерот Шаќири изготвил свое решение.

„Министерот според оваа постапка се поставил над Законот за основно образование и надвор од неговата надлежност поставил негов директор игнорирајќи ги записниците од инспекторите. Според истиот закон надлежен орган за назначување на директор или в.д директор е градоначалникот, но не и министерот. Очигледно е дека има прекршување на законите во поглед на надлежностите, но дали некој ќе реагира“.
Министерот за образование постапувал во сличен случај во средното училиште „Димитрија Чуповски“ од Велес. Таму најпрвиин ги одземал ингеренциите од градот за хемиското училиште и потоа назначил в.д. директор, но во случајот со основното училиште „Блаже Конески“ не бил испочитуван законот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK