ноември 23, 2024

Бурекот со месо е омилен избор за појадок, а знаеме како да го подготвиме најдобриот со готови кори кој е поубав отколку оној од пекара

Состојки:
500 грама кори за пита
300-400 грама месо
2 големи главици кромид
50 мл масло
250 мл вода
сол
бибер
малку масло за динстање на месото

Подготовка:
На малку масло продинстајте го ситно сечканиот кромид. Додадете го меленото месо, сол, бибер и динстајте уште малку. Во еден сад измешајте ги водата и маслото и посолете по желба. На дното на тркалезна тава од 25 сантиметри ставете 4 кори така што ќе висат преку рабовите на тавата.
Од приготвената вода и масло одвојте 30 мл за преливање на бурекот. Попрскајте ги корите со мешавина од вода и масло. Одозгора ставете малку фил со месо. Останатите кори исечете ги и ставете дел над месото. Испрскајте ги корите, ставете малку фил, па повторно кори и течност, па месо и така во круг додека не се потроши целиот материјал.
Последниот слој месо посипете го со 30 мл вода. Бурекот убаво ушушкајте го со висечките кори. Печете на 200 степени околу 40 минути или додека убаво не порумени.
На здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK