Вељко Ражнатовиќ не крие дека ужива во улогата на татко и сопруг, и често на социјалните мрежи споделува интимни моменти од дома, на кои главните улоги ги имаат Богдана и малиот Жељко.
Наследникот на Цеца Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија од Тител, родното место на неговата сопруга, на која неговата бремена сопруга и син спијат, и со истата предизвика воодушевување кај следбениците.
„Бебињата спијат“ – напиша тој покрај фотографијата.
Во меѓувреме Вељко објави и фотографии од славата во домот на неговата мајка, на кои се гледа како изгледа неговата сопруга во петтиот месец од бременоста.
Следете не, не има насекаде