ноември 23, 2024
Американската мултинационална компанија за нафта и гас Exxon Mobile поднесе тужба против ЕУ поради даноци на екстра профит, пишуваат британските медиуми.

Европските влади се обидуваат да ги заштитат компаниите и граѓаните од високите трошоци за енергија, додека истовремено бараат нови извори на приходи за финансирање на мерките за помош.

Во таков амбиент, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во септември објави план, кој предвидува „кризен придонес“ од големите производители и добавувачи на нафта, гас и јаглен во вид на даноци на овогодинешниот екстра профит.

Брисел предложи да платат данок од 33 отсто на овогодинешната добивка доколку таа е за повеќе од 20 отсто поголема од просекот во претходните три години. Американскиот енергетски гигант тврди дека ЕК ги пречекорила законските овластувања, нарекувајќи ја мерката „контрапродуктивна“, пренесува порталот Индекс.

Данокот ги обесхрабрува инвестициите и ја поткопува довербата на инвеститорите, се вели во тужбата поднесена од ExxonMobil против ЕУ пред Генералниот суд во Луксембург, јавува Би-Би-Си. На состанокот со инвеститорите на почетокот на месецот, главниот финансиски директор процени дека данокот ќе ја чини групата ЕУ „повеќе од две милијарди долари“.

Во октомври компанијата објави квартален профит од речиси 20 милијарди долари. Европската комисија соопшти дека „го зема предвид“ правното барање на „Ексон“ и додаде дека „на судот е да одлучи по ова прашање“, објави Фајненшл тајмс.

Министрите на ЕУ проценуваат дека данокот на дополнителна добивка може да им донесе 140 милијарди евра приход, забележува Би-Би-Си.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK