Рускиот претседател Владимир Путин денеска го поздрави враќањето на Бенјамин Нетанјаху на чело на израелската влада и изрази желба да ја зајакне соработката со Израел во сите области, соопшти Кремљ.
„Се надевам дека новата влада под ваше раководство ќе ја продолжи линијата на зајакнување на руско-израелската соработка во сите области за доброто на нашите народи, во интерес на обезбедување мир и безбедност на Блискиот Исток“, се вели во пораката на Путин до Нетанјаху.
Нетанјаху, лидерот на конзервативната Ликуд, денеска се врати на власт во Израел по една и пол година пауза во опозицијата.
Ликуд на Нетанјаху, заедно со своите сојузници, партиите на ултраортодоксните Евреи и ултрадесничарите, победија на парламентарните избори на 1 ноември, а денеска тој ги претстави своите министри пред пратениците во израелскиот Парламент (Кнесет).
Следете не, не има насекаде