ноември 23, 2024
Министрите за надворешни работи на 12 земји и високиот претставник на Европската унија, Жозеп Борел, денеска изразија сериозна загриженост поради фактот што талибанците им забранија на жените да работат за национални и меѓународни невладини организации и побараа веднаш да ја поништат оваа одлука, а жените и девојчињата да се вратат во училиштата.

Во заедничката изјава, Австралија, Канада, Данска, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Холандија, Велика Британија, САД и Борел посочуваат дека наредбата „доведува во опасност милиони Авганистанци кои за својот опстанок зависат од хуманитарна помош“ и ги повикуваат „Талибанците веднаш да ја поништат оваа одлука“.

Тие истакнуваат дека жените се клучни за хуманитарните операции и операциите за основни потреби и додаваат дека невладините организации нема да можат да допрат до најранливите луѓе во земјата за да им обезбедат храна, лекови и други услуги што им се потребни за живот.

Исклучувањето на жените исто така „би влијаело и на хуманитарната помош обезбедена од меѓународните организации, бидејќи меѓународните организации користат невладини организации за доставување такви материјали и услуги“, се вели во соопштението.

Земјите потписнички сметаат дека талибанците продолжуваат да го демонстрираат својот презир кон правата и слободите на авганистанскиот народ, посебно жените и девојките, и ја покажуваат „својата незаинтересираност за нормалните односи со меѓународната заедница“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK