Во најново статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција на НБ, се посочува дека
нето надворешниот долг на земјата во третиот квартал од 2022 година е намален за 51 милион евра или за 1,3 проценти.
Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 61 отсто.
Во текот на третиот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 79 милиони евра и изнесува 7.851 милион евра, што претставува 56,3 отсто од проектираниот БДП за 2022 година.