ноември 22, 2024

Панчо и Андреј со новогодишни пакетчиња и цеде од нивниот последниот албум израдуваа децата од две основни училишта во Скопје.

Насмеани и среќни децата од двете одделенија деца со своите идоли заедно во хор ја пееја „Што сака нека биде“. Освен пакетчиња Панчо и Андреј ги частеа и пици.

„Си поминавме прекрасно, а тие како вистински домаќини не почастија со песна, многу гушкање и на крај заедно испеавме неколку песни од ДНК“, раскажаа Панчо и Андреј.

ДНК традиционално дели новогодишни пакетчиња, а овој пат избор беа соучениците од одделенијата на нивните деца Маки и Јана од основните училишта „Горѓија Пулевски” и „Димо Хаџи Димов”.

Панчо и Андреј голем дел од парите од концертот ќе ги искористат во хуманитарни цели, исто така дел и ги донираа за Фондацијата „Марко Божиновски“.

ДНК изминатите години често им помагаа на социјално загрозените семејства преку најразлични донации.

Фото: ДНК Фејсбук

 

 

The post (Видео) ДНК со пакетчиња и пица израдуваа деца од две основни школи и со цело одделение ја пееја „Што сака нека биде“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK