мај 5, 2024

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6.292 денари или 893 денари повеќе. 6.166 чинеше досега полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7.115 денари. 8.233 денари сега ќе се плаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7.134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9.820, а досега чинеше 8.510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10.294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11.878 денари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK