Радост и среќа во домот на еден од најважните функционери на ДУИ чија жена од нова година ќе зема висока државна плата.
ЕДЕН ПО ЕДЕН СИТЕ НА ДРЖАВНА СМЕТКА: Бектеши треба да части! Си ја вработи и жената во Влада
Улка Каба Бектеши сопруга на министерот за економија од ДУИ Крешник Бектеши се вработила во владина институција, тврдат владини извори кои овој случај на непотизам го приложуваат како доказ за погрешното владеење на крилото на Груби и Османи во ДУИ и владата.
Ако министерот Бектеши тврди дека економијата е во добар правец и расте логично ќе беше неговата сопруга да се вработи во приватниот сектор затоа што вака тој испраќа порака дека знае дека приватниот бизнис е пред колапс па ја сместува сопругата на државни јасли.
Вработувањето на Улка Каба Бектеши се случува на два дена пред нова година со цел во предновогодишната атмосфера да се скрие скандалот во кој сопругата на министерот за економија добива државна плата затоа што не може да најде работа во реалната економија за која Бектеши вели дека цвета.
Пред околу две години и сестрата на Бектеши се вработи во државна фирма но тогаш министерот тврдеше дека тој не интервенирал.
Следете не, не има насекаде