Српскиот весник „Недељник“ годинава објави листа на 100 најбогати стопанственици во регионот. На списокот има 18 милијардери, а еден од нив е и македонскиот бизнисмен Илија Гечев сопственик на ИГМ Трејд. Тој се најде на 18 место.
Илија Гечев е единствениот милијардер во Македонија, објави магазинот „Недељник“
Според анализата на неделникот богатството на Гечев се проценува на 1,054 милијарди евра. Тој е единствен на листата од 18 милијардери кој не е Хрват или Србин.
Листата од 10 балкански милијардери ја предводи Дубравко Гргиќ, водечкиот акционер на „Аграм група“ со богатство од 2,840 милијарди евра, а по него се Миодраг Костиќ со 2,779 милијарди евра и Мирослав Мишковиќ која има само 120.000 евра помалку.
Четврти на списокот се Славко и Роберт Кутиќ и Изабел Јелиниќ од компанијата „Инфобип“ со богатство од 2,500 милијарди евра.
Петти на списокот е Мате Римац, „Римац група“ со богатство од 2,270 милијарди евра.
Шести е Емил Тодески од „Атлантис груп“ кој поседува 1,600 милијарди евра.
По него следуваат Петар Матијевиќ, МИ „Матијевиќ“ со богатство од 1,597 милијарди евра, Дејан Чакајиќ и Јадранка Степановиќ, „Моцарт“ со богатство од 1,334 милијарди евра и Драган Шољак од „Инитед груп“ со богатство од 1,335 милијарди евра.
Десетти на списокот е Миле Ќурковиќ од компанијата „Флодине“ со богатство од 1,313 милијарди евра.
Меѓу милијардерите се уште и: Филип Цептер сопственик на „Цептер интернационал“ со 1,300 милијарди евра, Иван Жапчиќ и Марко Вуковиќ „ХС Продукт“ со 1,286 милијарди евра, Љубиша Крстајиќ „Карсима хотел и ресорт“ (1,208 милијарди евра), Станко Поповиќ „Eликсир груп“ (1,166 милијарди евра), Павао Вујановиќ „Енергија натуралис“ (1,150 милијарди евра) како и Бранислав и Драган Стојановиќ, „Спорт висион“ со богатство од 1,108 милијарди евра и Петар Матиќ „МПЦ Холдинг“ со богатство од 1,096 милијарди евра.
Следете не, не има насекаде