Говорејќи преку видеоконференциска врска со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, Путин рече дека Русија и Кина успеале да обезбедат рекорден раст на трговската размена, и покрај неповолните пазарни услови.
Русија и Кина ќе постигнат обем на трговска размена од 200 милијарди долари порано од планираното, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Говорејќи преку видеоконференциска врска со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, Путин рече дека Русија и Кина успеале да обезбедат рекорден раст на трговската размена, и покрај неповолните пазарни услови.
Тој нагласи дека оваа година Русија станала еден од лидерите во извозот на нафта во Кина, втора во снабдувањето со гас преку гасовод и четврта во испорака на течен природен гас.
Путин рече дека геополитичките тензии ја зајакнале улогата на руско-кинеското партнерство како стабилизирачки фактор.
„Односите меѓу Русија и Кина се најдобри досега во историјата, тие ги издржаа сите тестови“, нагласи тој.
Путин, исто така, ја пофали руско-кинеската воена соработка, истакнувајќи дека двете земји дополнително ќе ја зајакнат, и додаде дека „соработката меѓу Русија и Кина на меѓународната сцена служи за формирање праведен светски поредок“.
Рускиот претседател го покани Си во државна посета на Русија напролет.
Од своја страна, кинескиот претседател Си Ѓинпинг рече дека Пекинг е подготвен да ја зајакне стратешката соработка со Русија и да бидат глобални партнери „за доброто на народите на двете земји и во интерес на глобалната стабилност“.
„Во услови на тешка и многу двосмислена меѓународна ситуација, подготвени сме да ја зголемиме стратешката соработка, меѓусебно да си обезбедиме можности за развој“, нагласи тој.
Следете не, не има насекаде