Познатата модна дизајнерка Вивиен Вествуд почина на 81-годишна возраст, а приказната за нејзиниот успех и креациите е инспиративна.
Вивиен Изабел Свајер е родена на 8 април 1941 година во селото Тинтвистл, и била најстарото од трите деца. Таа одела во училиште во Глосоп пред да се пресели во Северен Лондон со своето семејство.
Модната дизајнерка се прослави на модната сцена од 1970-тите со нејзините андрогени дизајни, маици со слоган и непочитување кон естаблишментот.
Кога ја доби својата OBE во 1992 година, Вествуд носеше совршено скроен костум со сива шапка во ист стил, но без долна облека одоздола. Таа подоцна рече: „Запознав човек кој работеше со кралицата и тој рече дека тоа било многу забавно за неа“.
Вествуд се потпишува за некои од најпознатите модни дизајни, а во последниве години е позната по своите венчаници, како оној што го носеше Кери Бредшо во филмот „Сексот и градот“ од 2008 година.
Вествуд, исто така, се прослави како активист, организирајќи јавни говори за да ја подигне свеста за темите блиски кои и биле блиски, вклучувајќи ги климатските промени и Џулијан Асанж. За нејзината работа, од кралицата Елизабета добила витешка титула „дама“.
The post Вивен Вествуд во панк стил и без долна облека се појави на доделување на награди во ’92 година appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде