Поранешниот бразилски фудбалер Пеле почина на 82-годишна возраст, по што од него се збогуваа голем број ѕвезди, а една од нив беше и францускиот напаѓач Килијан Мбапе.
Мбапе објави фотографија со Пеле на социјалните мрежи и напиша кратка порака.
„Нè напушти кралот на фудбалот, но неговото наследство никогаш нема да биде заборавено. Почивај во мир, кралу“, напиша Мбапе.
The king of football has left us but his legacy will never be forgotten.
RIP KING … pic.twitter.com/F55PrcM2Ud