Во девет училишта во Скопје попладнево се упатени закани за поставена експлозивна направа, а досега е утврдено дека поголемиот број дојави се лажни, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
Како што велат од МВР, веднаш по добиените пријави, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на останатиот дел од случаите, за што дополнително ќе информираат.
The post Дојави за бомби попладнево во девет скопски училишта appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде