Во еден белградски трговски центар имало инцидент кога сопруг ја нападнал својата невенчана сопруга.
Невенчаниот сопруг П.Д., во трговски центар во Белград со остар предмет ја избодел сопругата во вратот, по што таа со повреди била пренесена во Ургентниот центар. Инцидентот се случил околу 18:15 часот во холот на вториот кат од трговскиот центар .
Избодената жена најверојатно била прободена со нож во вратот. Констатирани и се полесни повреди на вратот и лицето. Во свесна и комуникативна состојба е пренесена во Ургентниот центар“, вели извор близок до истрагата. Напаѓачот бил задржан од граѓаните, а патролата на ПС Чукарица го привела осомничениот. Се утврдуваат околностите, мотивот и степенот на повредите. Истрагата е во тек.
Следете не, не има насекаде