ноември 22, 2024

Можно е да се гласа за вкупно 85 од најимпресивните фотографии на фоторепортерите и репортерите на АА кои во текот на 2022 година овековечија различни теми како војната, политиката, спортот и секојдневниот живот

Во тек е гласањето за избор на најдобра фотографија на фоторепортерите на Агенција Анадолија (АА) за 2022 година, а во гласањето учествуваше и првата дама на Туркије, Емине Ердоган, сопруга на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Во категоријата „Вести“ таа ги избра фотографиите на Амер Шалоди „Палестински стандарди“; Мустафа Чифтчи „Операцијата започнува“; Емрах Јорулмаз „Првото патување на Тог“; Догукан Кескинкилич „Ноќен лет“ и на Али Атмаџа „Чамец што живот значи“.

Во категоријата „Спорт“, Емине Ердоган гласаше за фотографиите на Салих Зеки Фазлиоглу „Сеџда на благодарноста“; „Шампиони“ на Елиф Озтурк Озгонџу; „Одење по облаците“ на Хилми Тунахан Каракаја и за „Пливач“ на Мустафа Јилмаз.

Во категоријата „Животна средина и живот“ таа ги избра фотографиите на Месут Варол „Време за хранење“; Павел Павлов „Скршено срце“; на Мухамед Шајахан „Време на жетвата во Бангладеш“; Шебнем Џошкун „Органска пластика“ и „Мрежи на дневната светлина“; и на Бестами Бодрук „Раскажувач“; како и за „Снежни тунели“ на Серџан Кучукшахин; „Гаснење на пожарот“ на Орхан Чичек; „Ритуал на самракот“ на Исмаил Каплан и „Моментот на животот и смртта“ на Ајтач Унал.

Можно е да се гласа за вкупно 85 од најимпресивните фотографии на фоторепортерите и репортерите на АА кои во текот на 2022 година овековечија различни теми како војната, политиката, спортот и секојдневниот живот. Во категоријата „Животна средина и живот“ може да се гласа за 37 фотографии, во категоријата „Вест“ за 22 и во категоријата „Спорт“ за 26.

Фотографиите беа избрани од уредниците за фотографија на АА од повеќе од милион фотографии објавени во различни географски подрачја на светот, од Туркије, Кина, Арктичкиот Океан до Гватемала. Сите заинтересирани кои сакаат да гласаат, можат да изберат најмалку една фотографија од секоја од категориите.

Гласањето за најдобри фотографии на годината на фоторепортерите на Агенција Анадолија (АА) за првпат се одржа во 2012 година. Оваа година гласањето ќе трае до 16 јануари 2023 година, а може да се гласа на веб-страницата „yilinfotograflari.aa.com.tr“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK