Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните порача дека во новата 2023 година државата ќе продолжи да напредува и да ги остварува целите и ќе биде подобра за граѓаните.
„Можам со сигурност да кажам дека наредната година ќе биде подобра. Платите и пензиите ќе продолжат да растат, завршени се големи проекти важни за државата, а продолжуваме понатаму со нови инвестиции кои ќе значат подобар живот за сите. Затоа што никого не оставаме сам. Никој, никогаш нема да биде оставен сам“, порача Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните.
The post Ковачевски: Следната година ќе биде подобра appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде