ноември 22, 2024

Извршниот одбор на Руската фудбалска федерација (РФУ) одлучи да предложи формирање работна група до Европската фудбалска унија (УЕФА).

Во соопштението се наведува дека целта на оваа работна група би била да развие предлози и решенија за враќање на руската репрезентација и клубови на официјалните натпреварувања на УЕФА.

Преведено, тоа значи дека Руската федерација одлучила да остане дел од УЕФА, барем засега.

Руските клубови и репрезентацијата на оваа земја 10 месеци немаат играно на меѓународни натпреварувања поради војната во Украина. Во меѓувреме се појави информација дека РФУ може да премине во Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).

„Извршниот комитет на РФУ донесе одлука да и предложи на УЕФА формирање работна група. Имаше предлог да се донесе одлука за промена на конференциите и да се започне процедура за повлекување од УЕФА. Половина од членовите беа за тоа, но тие ја поддржаа првата опција која повлекува формирање на работна група „Никој не беше против тоа“, рече претседателот Александар Ѓуков.

Тој рече дека покрај членовите на РФУ и УЕФА, во работната група треба да учествуваат и претставници на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Ѓуков изјави дека Русија сака да учествува во квалификациите за Светското првенство, кои ќе се одржат во 2026 година.

„Можеме да одиме во Азија, но никој не ни гарантира дека ќе играме во квалификациите за СП. ФИФА се прашува. АФК потврди дека е подготвена да не прими. Нема писмени докази, гарантни писма, но нема причина да не им веруваме. Русија ниту во еден момент не испрати писмо со кое најави повлекување од УЕФА. Тоа е дезинформација“, изјави Ѓуков.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK