мај 17, 2026

Градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска која е претседателска на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови, премалку за пратенички мандат.

Арсовска, која беше носителка на листа во ИЕ1 освои 1.571 глас.
Нејзината партија во ИЕ2 освои 1.109 гласови, а во третата и во четвртата изборна единица Нова Алтернатива имаше 410, односно 348 гласови.

За споредба, на локалните избори во 2021 година, кога Арсовска која тогаш беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ го победи Петре Шилегов во трката за скопски градоначалник, па во првиот круг освои 86.698, а во вториот 118.749 гласови.
Фокус

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK