мај 17, 2026

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.
Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија. Честитки до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Морачанин на својот профил на Фејсбук.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK