ноември 22, 2024

Ако уште не сте смислиле што вкусно ќе зготвите денес, ви предлагаме да направите сочно пилешко со мед, лимета и сос од соја.

Потребни состојки:

8 парчиња пилешко (копан, надкопан)8 чешниња лук1 лажичка чилисок од една лиметасол, бибер
За прелив:3 лажички мед1 лажичка сенф1/2 лажичка соја соскора од една лимета

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте го пилешкото со истолчениот лук, чили зачинот, сокот од лимета, сол и црн бибер.
Намачкајте ја тавата во која ќе печете со растително масло, а потоа наредете го пилешкото и ставете го во рерна претходно загреана на 200 до 220°C.
Потоа направете го преливот. Измешајте мед, сенф, соја сос и додадете ја изренданата кора од лимета.
Извадете го пилешкото и премачкајте го со оваа смеса. Вратете го во рерна, а потоа по 15 минути свртете го пилешкото и премачкајте го повторно.
Кога пилешкото месо е готово, извадете го од рерна и префрлете го на чинија. Како гарнир може да послужите рижото.
На здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK