мај 17, 2026

Централното претседателство на ДУИ денеска се собра во седиштето во Мала Речица за да разговара за последните политички случувања во земјата по изборите на 8 мај.

ДУИ како лидер на Европскиот фронт во консултација со сите останати партии кои ја сочинуваат оваа коалиција ги координираат следните активности кои ќе ги преземат во наредните денови.
Според извори на ТВ21, лидерите утре ќе се сретнат и ќе испратат сериозна порака и предупредување до ВМРО-ДПМНЕ да не си играат со Албанците и да не ја омаловажува волјата на мнозинството Албанци, како втора по големина заедница во државата.

Според нашите извори, лидерите на Европскиот фронт и Али Ахмети ќе ги предупредат ВМРО-ДПМНЕ, но и лидерите на ВЛЕН, да ја почитуваат волјата на Албанците на изборите на 8 мај.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK