Лекарите даваат се од себе за да го спасат рускиот претседател, но веруваат дека ова е неговата последна година на власт
Украинските медиуми уште еднаш јавија за тешката болест на рускиот претседател. Тие тврдат дека Владимир Путин умира, боледува од тежок облик на рак и, за да биде иронијата поголема, само западната медицина го одржува во живот за да продолжи со инвазијата на Украина.
Ќе ви кажам нешто многу директно. Без странски лекови, тој повеќе не би бил во јавниот живот. Тоа е апсолутно јасно! И тој ги прима овие лекови и покрај западните санкции. Тој користи најсовремени лекови кои Русија не може да му ги обезбеди. И покрај тоа, крајот е близу, бидејќи нема „вечен“ лек за толку тешка болест – изјави за украинските медиуми рускиот историчар и политички аналитичар Валериј Соловјов, а пренесува британски Дејли Мејл.
Но, што ако ова е вистина и рускиот претседател го напушти овој свет во рок од една година? Кој ќе ја води оваа светска велесила, кој ќе ја продолжи војната со Украина?
Весникот наведува дека прв на листата е малку познатиот министер за земјоделство Дмитриј Патрушев. Овој 45-годишник е син на еден од најблиските соработници на Путин, 71-годишниот поранешен шеф на озлогласената тајна служба ФСБ, Николај Патрушев. Тој се смета за еден од главните архитекти на инвазијата на Украина. Друга можност е дека власта ќе ја преземе 50-годишниот Алексеј Думин, поранешен телохранител на Путин и поранешен министер за одбрана.
Соловјов не сакаше да открие каде се наоѓаат „не-руските“ лекари кои се грижат за Путин, но рече дека рускиот претседател многу им верува, а лекувањето е под строг надзор на московските експерти.
Дејли Мејл наведува дека во медиумите веќе е објавена тезата дека Путин е зависник од лекови од Израел, во која се наведува и дека тој боледува од рак.
Соловјов тврди дека многу јасно се гледа тешката здравствена состојба на Путин, односно дека на снимките од неговите настапи се забележуваат проблеми со движењето. Згора на тоа, експертот тврди дека Путин неодамна се лекувал од рак на дебелото црево, но дека во меѓувреме добил и Паркинсонова болест.
Тој вели дека со неговото лекување во моментов управуваат исклучиво лекари надвор од Русија.
Соловјов оди дотаму што вели дека, според него, рускиот претседател е толку болен што нема да ја преживее пролетта. Сепак, и да остане жив, ќе биде толку слаб што нема да може да ја држи власта.
А има и такви кои ќе го посакаат – вели тој и додава дека ова се последните месеци на Путин.
Ако не направи ништо сега, елитите ќе се оддалечат од него. Не само што ќе се оддалечат, туку и ќе му се спротивстават. За мене, логично, има само еден наследник – Патрушев – тврди Соловјов за Дејли Меил.
Следете не, не има насекаде