ноември 22, 2024

Барбара Волтерс, првата американска женска водителка на вечерните вести и едно од најпрепознатливите лица на американската телевизија, почина на 93 години. Волтерс починала во својот дом во Њујорк.

Веста ја објави телевизијата „Еј-би-си“, на која Волтерс помина најголем дел од кариерата. Во телевизијата работеше пет децении. Во 60-тите години почна да работи во „Ен-би-си“ во емисијата „Денешно шоу“, The Today Show, а има работено и како сценарист и продуцент.

Во историјата влезе како прва жена која беше дел од водителскиот пар во вечерните вести, што дотогаш беше позиција само за мажи.

Во 1997 година ја почна популарната женска разговорна емисија „Поглед“, The View, а во текот на кариерата стана позната по разговорите со највлијателните и најмоќните луѓе ширум светот.

На листата луѓе со кои разговарала беа поранешниот кубански претседател Фидел Кастро, британската премиерка Маргарет Тачер, либанскиот водач Муамер Гадафи, ирачкиот владетел Садам Хусеин и секој од американските претседатели со нивните сопруги почнувајќи од Ричард и Пет Никсон.

За својата работа доби 12 Еми награди, а 11 од нив освои работејќи за „Еј-би-си“, соопштија од телевизијата.

The post Почина Барбара Волтерс, првата жена водителка на вечерни вести appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK