Рускиот претседател Владимир Путин предложи назначување на Андреј Белоусов за министер за одбрана.
Владимир Путин предложи да биде именуван Андреј Белоусов за министер за одбрана, соопшти Телеграм каналoт на Советот на Федерацијата.
„Советот на Федерацијата ги прими кандидатите предложени од претседателот на Русија Владимир Путин за позиции на челници на голем број федерални министерства и ресори.
Наместо Сергеј Шојгу, за министер за одбрана е предложен Андреј Ремович Белоусов“, се наведува во соопштението.
Андреј Белоусов претходно беше прв вицепремиер во владата на Михаил Мишустин. Инаку, Белоусов е доктор по економија, а дипломирал економија на Државниот универзитет во Москва.
Следете не, не има насекаде
