На 22 мај на платото на УКИМ во 20:00 часот во склоп на манифестацијата „Мајска Сесија, дојди да се преслушаме“ организирана од Europe House, како прв изведувач ќе настапи Дина Јашари.
Дина е е млада музичаркa – изведувач, текстописец и продуцент. Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни текстови, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена.
Зад себе има повеќе синглови, едно EP издание насловено ,,Дома” и музичката соработка ,,Убав ден” со Дуке Бојаџиев. Во 2022 година, во Белград ја добива наградата Милан Младеновиќ за песната Дома, со која станува препознатлива во регионот.
Нејзина главна цел е да создава и изведува нова, свежа македонска музика. Во 2020та се формира бендот ,,Другари”, со кој заедно настапува последниве неколку години. Во 2022 и 2023 година ја изведува својата музика надвор од , на неколку мини турнеи во , , , , , , … Во 2023 година, имаше неколку успешни турнеи низ балканот и во неколку Европски земји. Од M̳E̳N̳T̳ ̳F̳E̳S̳T̳I̳V̳A̳L̳ (Љубљана, Словенија), 𝙀𝙓𝙄𝙏 𝙁𝙀𝙎𝙏𝙄𝙑𝘼𝙇 (Нови Сад, Србија), 𝗪𝗜𝗔𝗡𝗞𝗜 𝗙𝗲𝘀𝘁𝗶𝘃𝗮𝗹 (Краков, Полска)…
Во моментов на сцена ја придружуваат Лука Тошев (гитара) и Драган Теодосиев (тапани).