Четириесет и тригодишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако претходно се обидел да ја убие 32 годишната О. Б.
-Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе во 7.50 часот пред Пензионерскиот дом во Свети Николе со пиштол пукал кон 32 годишната О. Б од Свети Николе. При што таа се здобила со повреда, констатирана во Клиничката болница Штип, а потоа Т.А. пукал во себе, по што починал. Извршен е увид од јавен обвинител и полициски службеници од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случај, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.
The post Крвава драма во Свети Николе: Пукал во пријателката па се самоубил appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде