Алекс Албон потпиша повеќегодишен договор со Вилијамс Рејсинг.
Тајланѓанецот ќе биде возач на славниот тим во новата ера на Формула 1. Во редовите на британскиот тим дојде во 2022 година.
„Неверојатно сум среќен што останав дел од Вилијамс и што ќе продолжам да работам со оваа група на талентирани и посветени луѓе“, изјави Албон.
Интересно е што во оваа сезона Албон се уште нема освоено ниту еден бод.
Формула 1 шампионатот продолжува оваа недела со трка во Имола.
The post Албон ќе остане уште многу години во Вилијамс appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
