ноември 14, 2024



Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека нема да прифати Израел да преземе воена или цивилна контрола врз палестинската територија на Појасот Газа кога ќе заврши војната.

-Јасно повторувам дека нема да прифатам формирање на израелска воена администрација во Газа. Израел не смее да има цивилна контрола над Појасот Газа, рече Галант на прес-конференција.

Министерот смета дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мора да донесе тешки одлуки за управувањето со Газа што не го вклучува Хамас за да нема ерозија на достигнувањата во војната и заради долгорочна израелска безбедност.

Тој оцени дека во интерес на Израел е Газа да биде управувана од локални Палестинци, кои не се со Хамас.

Нетанјаху, додаде министерот за одбрана, мора јавно да ја исклучи идејата за израелско владеење во Појасот Газа.

Според Галант, воените достигнувања на Израел ќе бидат поткопани доколку не успее да најде замена за Хамас во Газа, бидејќи членовите на оваа екстремистичка организација успеваат да се прегрупираат и да управуваат, пишуваат израелските медиуми.

-Се додека Хамас одржува цивилна контрола во Појасот Газа, може да ја врати својата моќ. Мораме да ги елиминираме способностите за управување на Хамас. Клучот за тоа е воената активност и формирањето на алтернативен ентитет. Без таа алтернатива останаа само две лоши нештата – владеење на Хамас или израелско воено управување, предупреди Галант.

Доколку не се донесат одлуки, меѓу другото, се саботираат шансите да се постигне „рамка за ослободување на заложниците“, изјави израелскиот министер за одбрана.

Тој тврди дека со месеци наназад, на состаноците на безбедносниот кабинет, ја покренувал темата за изнаоѓање замена за Хамас, но бил одбиван и дека „сега се развива опасен тренд и се засилува идејата за израелската воена и цивилна администрација во Газа. ”

„Тоа е опасна алтернатива за државата Израел. Израелската воена администрација ќе стане главен безбедносен напор на Израел во годините што доаѓаат, тоа ќе не чини крв и многу непотребни жртви и исто така ќе наметне висока економска цена“, рече Галант, додавајќи дека нема да се согласи со тоа.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK