ноември 21, 2024

Секоја од десетте најскапи бури, поплави и суши во 2022 година чинела најмалку 3 милијарди долари во „уништувачката“ година на првите линии на климатските промени, покажува извештајот.

Хуманитарната организација „Кристијан Еид“ (Christian Aid) ги издвои најлошите катастрофи поврзани со климата оваа година, бидејќи светот доживува сè посилни бури, поројни дождови и суши, предизвикани од зголемувањето на глобалните температури како резултат на човековата активност.

Тие ги вклучуваат невремто и сушата во Обединетото Кралство и низ Европа, заедно со големите настани на сите населени континенти. Ураганот Ијан имаше најголеми финансиски последици – од 100 милијарди долари, кога во септември ги погоди САД и Куба.

Поради ураганот починаа 130 луѓе, а раселени се повеќе од 40.000 луѓе, се наведува во извештајот на хуманитарната организација.

Најтешки последици во контекст на човечки загуби имаа поплавите во Пакистан од јуни до септември, за кои научниците утврдија дека се значително причинети поради климатските промени, предизвикувајќи 1.739 смртни случаи и раселување на седум милиони луѓе.

Поплавите чинеа 5,6 милијарди долари, иако тоа се само осигурени губитоци, а се проценува дека реално чинеле повеќе од 30 милијарди долари.

„Десетте издвоени климатски катастрофи во минатата година, од кои секоја чинеше повеќе од три милијарди долари, укажува на финансиската цена на неделувањето во борбата против климатската криза. Но, зад бројките во долари, лежат милиони приказни на човечките губитоци и страдања. Без големи намалувања на емисии на стакленични гасови, овој човечки и финансиски данок само ќе се зголемува“, предупреди извршниот директор на агенцијата Патрик Вот.

Ова, според извештајот, се 10 најскапи климатски катастрофи во 2022 година, во смисла на осигурителните штети.

Февруари: Бурата Јунис во Белгија, Германија, Ирска, Холандија, Полска и Велика Британија – 4,3 милијарди долари; Февруари-март: поплави во источна Австралија – 7,5 милијарди долари;

Април: Поплави во Квазулу Натал и Источен Кејп, Јужноафриканската Република – три милијарди долари;

Од јуни до септември: поплави во Пакистан – 5,6 милијарди долари;

Од јуни до септември: поплави во Кина – 12,3 милијарди долари;

Од јуни до септември: европска суша– 20 милијарди долари;

Септември: ураганот Фиона, Карибите и Канада – три милијарди долари;

Септември-октомври: ураганот Ијан, на Куба и во САД – 100 милијарди долари;

Цела година: бразилска суша – четири милијарди долари.

Цела година: суша во Кина – 8,4 милијарди долари.

TRT Balkan 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK