мај 18, 2026

Фудбалерите на Рајо Ваљекано на две кола до крајот на сезоната обездени опстанок во шпанската Примера.

Рајо во 37.коло ја победи Гранада со 2:1 и покрај тоа што од петтата минута играше со фудбалер помалку. Трехо доби црвен картон.

Лежен погоди за домашните во 23.минута, а во 80. предноста ја зголеми Де Фрутос. Почесниот гол за Гранада го постигна Боје во претпоследната минута.

На оовј натпревар македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски влезе во историјата на рајо Ваљекано. Тој го одигра 190. натпревар и стана голман со најмногу натпревари во клупската историја.

The post (Видео) Рајо обезбеди опстанок, Димитриевски стана клупска легенда appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK