ноември 21, 2024

Регионалниот ЦУК Велес, од вчера после полноќ е во тек и координира со потрагата по женско лице од с. Сујаклари, кое од Мало Мовче во Велес, во 00.35 часот се фрлило во реката Вардар.

На лице место веднаш било барано телото од страна на екипа од 3 пожарникари на ТППЕ Велес и една екипа полицајци од СВР Велес.

ЦУК, преку РЦУК Велес, во координација со СВР Велес и ТППЕ Велес има добиено информации дека телото се уште не е пронајдено. Паралелно со итната потрага се известени сите релевантни институции – субјекти во Системот за управување со кризи (СУК).

Денеска (32.12.2022 година), од утрото потрагата продолжила, при што се вклучени 6 пожарникари од ТППЕ Велес и 9 полицајци од СВР Велес. Се пребарува теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар.

Телото на женското лице од с. Сујаклари коешто од Мало Мовче се фрлила во реката Вардар се уште не е пронајдено, според досегашните информации пристигнати во ЦУК од вклучените субјекти во потрагата.

The post Се трага по жена која се фрлила ноќеска во реката Вардар во Велес appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK