мај 18, 2026

Можам со задоволство да кажам дека досега имаме обезбедено точно 61 пратеник, но тоа нема да ги прекине преговорите со ВЛЕН, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Разговорите со ВЛЕН се водта во вистинска насока. Нашата втора цел е со нашите коалициони партнери да успееме да консолидираме 2/3 во македонскиот парламент, а потребни ни се 2/3 за да направиме сериозно реструктуирање и реекипирање во Владиниот кабинет, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Владата треба да обезбеди услови каде бизнисот ќе биде комотен да води бизнис, а политичарите да водат политика. Како што истакна, голем дел од годишниот буџет на државата веќе е потрошен. Мицкоски не откри со која држава ќе биде владината соработка, ниту ја откри компанијата за приватната инвестиција во делот на енергетиката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK