мај 18, 2026

Музичкиот состав Фантастик бенд неодамна ги заврши снимањата на видеозаписите за нивните авторски песни: „Млад на печалба“ и „Ајде брате на наздравиме“.

Снимањето е направено на повеќе локации низ гостиварско, а во нив има педесетина статисти. Според сценариото двата спота се една приказна која има две продолженија, односно „Ајде брате да наздравиме“ се надоврзува на песната и спотот од „Млад на печалба“.

Авторот на видеото ја реализира замислата за приказна во која еден од двајцата браќа заминува на печалба. Тој во првиот дел, остава мали дечиња и жена, додека во вториот спот, помалиот брат му праќа покана за свадба и тој се враќа дома.

Новото видео може да се види на телевизиите и на сателитската ИН Тв кои ја негуваат македонската музика. Наскоро се очекува да биде завршен и постпродукцискиот дел за вториот спот. Инаку и двата изобилуваат со кадри од македонската традиција, печалба, свадба и други адети, а нив ги изработи и снимаше ИН продукција.

 

The post Фантастик бенд ја негува македонската традиција со нова песна за животот на печалба appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK