Полицијата врши увид на местото на несреќата, по што се очекуваат повеќе детали
Сообраќајна несреќа се случила вечерва на булеварот „Водњанска“ пред влезот на Клинички центар „Мајка Тереза“.
Фото: „360 степени“
Според информации од терен на репортерот на „360 тсепени“, прилично оштетени се најмалку четири возила.
Фото: „360 степени“
Дел од булеварот е затворен, а полицијата го пренасочува сообраќајот.
Неофицијално, судирот се случил меѓу два автомобили, по што оштетени биле и други возила кои биле паркирани.
Полицијата врши увид на местото на несреќата и се очекуваат повеќе детали.

