мај 18, 2026

Во Полициска станица Гостивар денеска во 02:40 часот била пријавена сообраќајна несреќа на ул.„Илинденска“ во Гостивар.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „ауди“ со национална ознака на Чешка Република, управувано од Г.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(25) од Житоше, прилепско, по што удриле во три паркирани патнички возила „сеат“, „цитроен“ и „фолксваген“.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „голф“, Р.Ќ.(26) с.Чајле, гостиварско, а со телесни повреди се здобиле возачите на возилата „ауди“ и „голф“, како и сопатникот на возилото „голф“ А.И.(60) од Житоше, констатирани во Општа болница Гостивар, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK