мај 18, 2026

Не можејќи да ја исполни револуционерната страст, оди во Македонија, доаѓа во Албанија и формира ограноци на неговата партија. Не можам да кажам дека нема да формирам огранок на мојата партија во Косово, но не можам да замислам да отидам таму да кажам што прави Владата за народот на Косово, а што не прави, вели Рама

Единствениот кој може да го собори Курти од власт е самиот тој, вели албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Национале“. Албин Курти е професионален опозиционер посочи Рама за косовскиот премиер.

„Го чекам денот кога Албин ќе излезе да протестира против сопствената влада. Единствениот што може да го собори Албин Курти е само Албин Курти. Албанците ми кажуваат како можеш така да се однесуваш со твојот помал брат. Да, тоа го прави помаилот брат и вие нема што да правите“,

вели Рама.

Фото: Принтскрин

Според него, тоа што Курти формирал партија од неговото движење „Самоопределување“ во Албанија не е ни најмалку нормална работа.

„Не можејќи да ја исполни својата револуционерна страст, оди во Македонија, доаѓа во Албанија и формира ограноци на неговата партија. Не можам да кажам дека нема да формирам огранок на мојата партија во Косово, но не можам да замислам да отидам таму да кажам што прави Владата за народот на Косово, а што не прави,“

додава Рама во интервјуто.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK