мај 18, 2026

Ракетните напади се најнови во серијата континуирани руски напади во последните недели врз регионот на вториот по големина град во североисточна Украина, каде руските сили започнаа офанзива

Илустративна фотографија / ФОТО: Фејсбук-профил на Володимир Зеленски

Русија погоди одморалиште во близина на Харков и ги нападна околните села, при што загинаа најмалку 11 луѓе, а повеќе се повредени, пренесува „Гардијан“.

Според информациите од спасувачите, кои излегле на терен, првичниот удар бил проследен со втор удар околу 20 минути подоцна.

„Шест лица се загинати во одморалиштето, едно исчезнало, а 27 се ранети. Уште пет лица загинаа, а девет беа повредени подоцна во текот на денот во две села во областа Купијанск“,

изјавил Јарослав Трофимко, полициски инспектор.

Ракетните напади се најнови во серијата континуирани руски напади во последните недели врз регионот на вториот по големина град во североисточна Украина, каде руските сили започнаа офанзива.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги повика западните сојузници да испратат дополнителни системи за воздушна одбрана во Киев за да го заштитат Харков и другите градови.

„Светот може да го запре рускиот терор, а за да се направи тоа, мора да се надмине недостигот на политичка волја меѓу лидерите. Два ‘Патриота’ за Харков можат да направат темелна разлика. Системите за противвоздушна одбрана за другите градови и дополнителната поддршка за војниците на фронтот ќе го осигураат поразот на Русија“,напиша Зеленски на Телеграм.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK