мај 18, 2026

Изминатото деноноќие пожарникари биле ангажирани за извлекување на човек паднат во река, како и за вадење вода од поплавени простории

Пожарникарите во државава, покрај во гаснење на урбани пожари, изминатото деноноќие биле ангажирани и за извлекување на човек паднат во река, како и за вадење вода од поплавени простории и дворови.

Четворица битолски пожарникари со едно противпожарно возило, синоќа од 18:45 до 19:35 часот интервенирале на извлекување паднат човек во реката Драгор кај месноста „Сали Мост“. Паднатото лице не било повредено, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Прилепски пожарникари со едно противпожарно возило вчера од 12 до 13:50 часот, интервенирале со пумпи во извлекување вода од поплавени подрумски простории и дворна површина во селото Сенокос, се вели во соопштението од ЦУК.

Охридски пожарникари, пак, од 09:45 до 10:30 часот имале техничка интервенција на испумпување вода од лифт на улицата „Галичица“ ламела – број 2, додаваат од ЦУК.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK