мај 18, 2026

Со пригоден настан кој се одржа денеска, Охридската територијална противпожарна единица го одбележа 20-ти мај, Денот на пожарникарите.

Упатувам голема благодарност и честитки до пожарникарите за нивната професионалност, хуманост и пожартвуваност во извршување на работните задачи. Оваа благородна професија е достојна за голема почит и вреднување, затоа што пожарникарите со своето делување при кризни и опасни ситуации, ги изложуваат на ризик сопствените животи.

Општина Охрид континиурано е посветена на обезбедување на подобри услови за работа и зголемување на капацитетот на противпожарната единица. Во текот на изминатиот период беа издвоени значителни средства за набавка на нова опрема за пожарникарите и ваквите активности ќе продолжат и во иднина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK